Свет,Магазин 10. јуни 2020. / 11:06

(ФОТО) Споменикот на човекот кој ја откри Америка заврши во езеро: Колумбо претставува геноцид

(ФОТО) Споменикот на човекот кој ја откри Америка заврши во езеро: Колумбо претставува геноцид

Споменикот на Кристофер Колумбо во Ричмонд, во американската држава Вирџинија, беше срушен од демонстранти, запален и на крајот фрлен во езеро во градскиот парк.

Тоа се случило два часа, откако демонстрантите се собрале во градскиот парк и скандирале за рушење на споменикот, пренесува Асошиетед прес.

По уривањето на споменикот на неговото место е поставена табла со напис „Колумбо претставува геноцид“.

На местото на протестите немало полициско присуство, но во реонот бил забележан полициски хеликоптер, кој е во сопственост на градот.

Претходно активисти пред присутните демонстранти во паркот зборувале за тешките борби на индијанците и на афроамериканците во САД.

-Треба да почнеме од самиот почеток, треба да почнеме од луѓето, кои први стапнале на оваа земја – изјавила една активистка.

Паметникът на Колумб в Ричмънд, Вирджиния, преди събарянето му.