Епидемијата на корона вирус во САД не предизвика само масовно купување тоалетна хартија и средства за дезинфекција, туку Американците складираат и оружје и муниција. Тоа може да се види по долгите редици пред легалните продавници на оружје.
Освен во овие дуќани, продажбата расте и преку интернет, па така, платформата „Ammo.com“ има за 69 проценти зголемена побарувачка.
Дури ни претседателот Доналд Трамп, не го спомна оружјето кога ги советуваше граѓаните да бидат смирени и да не трупаат залихи.
Не мора да купувате толку многу. Бидете смирени, релкасирајте се. Одлично ни оди и се ќе биде готово за брзо време – изјави Трамп.
Зголемување на купувањето оружје имаше и кога пандемијата на корона вирус не беше раширена во САД, односно при првичната појава на пандемијата во Кина, на крајот од минатата година. Тогаш, Американците со азиско потекло купуваа оружје поради страв дека против нив ќе избие на насилство базирано на расна основа.