Големи немири избувнаа денеска во Вашингтон, бидејќи демонстрантите успеаја да ја пробијат оградата и да влезат во Капитол Хил.
Според првите информации, едно лице е рането во градите, а неколку лица се повредени во судирот меѓу полицијата и демонстрантите.
Според американските медиуми, лидерите на Сенатот и потпретседателот на САД, Мајк Пенс биле евакуирани, а слики од хоророт во Вашингтон го обиколуваат целиот свет.