Свет 28. ноември 2018. / 15:29

(ФОТО) Палестинец уапсен во Италија – планирал да го затруе водоводот на Сардинија

(ФОТО) Палестинец уапсен во Италија – планирал да го затруе водоводот на Сардинија

Италијанската полиција уапсила Палестинец, наводно поврзан со терористичката Исламска држава, кој планирал да го затруе водоводот на Сардинија. Полицајците уапсиле 38-годишен маж кој планирал хемиски напад во градот Макомер, пренесува „Ла Стампа“, цитирајќи извориод полицијата.

Според медиумите, тој имал намера да го затруе водоводот со отров од стаорци, но италијанските власти допрва треба да ги потврдат овие информации. „Ла Стампа“ објави дека осомничениот, кој има палестински пасош и соодветна работна дозвола, бил уличен продавач кој никогаш не изјавил дека е следбеник на џихадистичкото движење.

Заговорот случајно го открил неговиот сосед кој ја информирал полицијата и по значителен период на истрага, осомничениот бил уапсен пред да го изврши труењето.