Свет 04. февруари 2019. / 22:48

(ФОТО) Овој тинејџер се обиде да украде авион за да оди на концерт

(ФОТО) Овој тинејџер се обиде да украде авион за да оди на концерт

Тинејџерот Земаркис Скот од САД, пред неколку денови се обидел да украде авион на американската авиокомпанија „Американ игл“ од аеродромот во Арканзас.

Тинејџерот, обожавател на ликот и делото на раперот Фејмос Декс, сакал да стигне на неговиот концерт во Илиноис. Кражбата на авионот ја планирал еден месец претходно и конечно, на 4 јули се приближил до оградата на аеродромот, ја прескокнал заштитната жица и се стрчал кон авионот.

Обезбедвуањето го забележало уште кога ја прескокнал оградата, но успеале да го фатат дури откако влегол во авионот, поточно во пилотската кабина.

Она што е застрашувачко во целата приказна е тоа што младиот човек немал никакво искуство како пилот, а во полиција објаснил дека мислел оти летот со авион ќе биде лесен и дека тој ќе треба да притисне само неколку копчиња.

За среќа, тинејџерот немал можност да се увери во тоа.

Скот беше осуден на петгодишна условна и парична казна од 1.000 долари.