Канадска нафтена компанија предизвика скандал откако се појави цртеж на кој е прикажано силување на климатската активиска Грета Тунберг со нивното лого, пренесува Вик.
Компанијата Ексајт енерџи сервисис негира каква било поврзаност со спорниот цртеж.
На скандалот реагираше и Тунберг.
Сѐ поочајни се… Ова само докажува дека победуваме, објави Грета на Твитер.
They are starting to get more and more desperate…
This shows that we’re winning. https://t.co/NLOZL331X9— Greta Thunberg (@GretaThunberg) February 29, 2020
Канадската компанија е обвинета за производство на детска порнографија. Меѓутоа, властите тврдат дека цртежот не ги исполнува критериумите за казна.
Според канадскиот закон, кој било порнографски приказ на лице помладо од 18 години може да се смета за детска порнографија. Сепак, не е специјално наведено дека лицето на цртежот е Грета Тунберг па истрагата е прекината.
За цртежот се расправаше и во канадскиот парламент. Пратеникот Александр Булерис побара од владата да го осуди овој потег.
Иницирана е и петиција со која се повикуваат шефовите на компанијата да ги напуштат своите позиции.