Свет 27. декември 2019. / 13:01

(ФОТО) Неколку лавини во швајцарските Алпи, голем број затрупани скијачи

(ФОТО) Неколку лавини во швајцарските Алпи, голем број затрупани скијачи

Најмалку двајца скијачи се повредени, а се стравува дека е можно да има уште многу затрупани кога лавина минала преку скијачка патека во скијачкиот центар во Андермат во Швајцарија.

Лавината се спуштила во непосредна близина на градот, додека многу скијачи уживале на планиското сонце еден ден по Божик.

Портпаролот на полицијата изјави дека станува збор за голема лавина, а спасувачките екипи веќе пренеле двајца полесно повредени во болница.

Во меѓувреме, трае голема акција на трагање по повеќемина исчезнати скијачи откако четири лавини ги погодија скијалиштата во Австрија и Швајцарија.

Австрискиот центар Анкогел е погоден од три лавини.

На патеките во моментот на лавините имало многу скијачи, а на терен се наоѓаат повеќе од 60 спасувачи, хеликоптери и кучиња трагачи.

Швајцарската полиција на вонредна прес конференција порача дека повеќе лица се однесени на носилки.

Во акцијата на пребарување и спасување учествувале три хеликоптери, а помагаат и итни медицински сили, шумска служба за спасување и 20 цивили кои спонтано се приклучиле кон акцијата. Шестмина се спасени од снегот и сите се швајцарски државјани.

Двајца се префрлени во болница, а четворица се повредени. Засега нема пријави за исчезнати лица, но полицијата се сомнева во можноста уште луѓе да се затрупани, па затоа акцијата продолжува.