Свет 10. април 2020. / 16:13

(ФОТО) На аеродромот во Токио на картонски кревети се чекаат резултати од тестовите за корона вирусот

(ФОТО) На аеродромот во Токио на картонски кревети се чекаат резултати од тестовите за корона вирусот

Сите патници кои доаѓаат во Јапонија мора да поминат во изолација пред да им стигнат резултатите од тестирањето за корона вирус.

Таквото правило и бројноста на патниците што поминуваат низ аеродромот во Токио предизвикуваат драматични слики.

Сите оние кои се враќаат од странство и кои слетуваат на Меѓународниот аеродром кој се наоѓа на 60 километри до Токио, ставени се во изолација во самиот аеродром, а спијат на импровизирани кревети.

Леглата се одделени со прегради, па се чини како луѓето да лежат во картонски кутии.