Во пик на пандемијата, во која голем број на земји бележат раст на новозаболени од коронавирус – светот го обиколи емотивна форографија.
30 годишниот палестинец Џихад ал-сува-ити се качил на болничкиот прозорец за да се згобува со својата мајка која починала од ковид 19. Посетите во болницата не биле дозволени, па тој седел на прозорецот за да може да ја гледа и да биде со неа во последните моменти на живот.
73 годишната жена починала во четвртокот, кратко по посетата на синот.
Седев беспомошно на прозорецот од собата за интензивна нега, гледајќи ги нејзините последни моменти од животот, рекол тој за локалните медиуми.