Маж стар 32 години уби три и рани четири лица во низа пукања низ Чикаго во САД.
Најпосле тој е совладан и убиен од полицајците. Истражителите се обидуваат да го дознаат мотивот за овој крвав поход.
Тој започнал со убиство на 30-годишен студент на Универзитетот во Чикаго, кого Џејсон Најтингел го застрелал во главата додека седел во неговиот автомобил во гаража во Хајд Парк, пренесе АП.
Убиецот Најтингел потоа влегол во станбена зграда, еден блок понатаму, каде пукал во 46-годишен припадник на обезбедувањето кој седел на приемната маса и 77-годишна жена која земала пошта.
-Мажот починал веднаш, а жената, на која и е пукано во главата е во критична состојба и е во болница, јави Чикаго трибјун.
Најтингел продолжил со крвавиот поход во друга зграда и киднапирал маж кого го познавал во автомобилот, а потоа отишол во продавница, каде исто така пукал. Таму убил 20-годишна девојка и ранил 81-годишна жена во главата и вратот. И таа е во критична сосотјба.
По излегувањето од продавницата, Најтингел пукал во 15-годишно девојче што се возело во автомобил со мајка и. Таа е во критична состојба.
Полицијата го опкружила по излегување од ресторан, ладешто пукал во жена. Тие пукале во него, при што тој е убиен.