Свет 03. февруари 2020. / 19:47

(ФОТО) Макрон ги налути полицајците: Позира со маица која го осудува полициското насилство

(ФОТО) Макрон ги налути полицајците: Позира со маица која го осудува полициското насилство

Фотографија со познат карикатурист и маичка со спорна карикатура за полициска бруталност се покажа како комплетено пропагандно промашување на францускиот претседател Емануел Макрон бидејќи ги налути веќе незадоволните полициски синдикати.

Макрон на фотографијата позира покрај авторот на стрипо „Жила“, а во рацете држи маичка на која е карикатура од мачка со фластер на окото, откако е погодена од оружјето ЛДБ (lanceur de balles de défense). Ова оружје го користи француската полиција, а е забрането во неколку европски држави.

– Очекуваме нешто друго од претседателот. Фотографијата е знак на недоверба и осуда на оние кои му дозволија да остане претседател со тоа што одржуваа ред, изјави генералниот секретар на синдикатот на полицијата Ив Лефевр.

Макрон на овја изјави дека мора да ја брани креативноста и слободата на изразување.