Свет 08. март 2020. / 19:04

(ФОТО) Коронавирус: Празни улици на северот на Италија по воведениот карантин за 16 милиони луѓе

(ФОТО) Коронавирус: Празни улици на северот на Италија по воведениот карантин за 16 милиони луѓе

Улиците во градовите на северот на Италија денеска останаа речиси празни откако премиерот Џузепе Конте рано изутрината ги објави драстичните мерки што се воведуваат за да се спречи натамошно ширење на коронавирусот во најпогодената држава во Европа.

Околу 16 милиони луѓе од северна и централна Италија се опфатени со мерките со кои се забранува влез и излез од Ломбардија, чиј главен град е Милано, и од уште 14 провинции, вклучувајќи ги Венеција, Пјаченца, Парма, Модена…