Полицијата во градот Еџвотер на Флорида затекнала страотна глетка за време на контрола на еден стан поради пријава за лошо постапување кон малолетници. Полицајците пронашле во станот три деца како живеат во истиот простор со 245 различни животни.
Полицискта станица во градот на официјалниот фејсбук профил објави фотографии од станпот во кој престојувале децата, наведувајќи дека веднаш станало јасно дека ниту децата ниту животните не биле адекватно згриужени.
Во станот било пронајдено и мртво морско прасе и расипана храна, а на подот имало измет и мокрача од животните.
Поради таквата состојба во станот, против Мелиса Хамилтон, Грег Нелсон и Сузан Нелсон се покренати обвиненија за злоставување на деца, како и 66 точки за суровост кон животните.
Социјалната служба ги преместила децата на возраст од осум, девет и 10 години кај роднини, а за миленичињата ќе се грижи центар за спасување животни.