Гркот Антонис Маврополус имал среќа, откако задоцнил две минути на летот Адис Абеба – Најроби.
Тој, како што пишува на Фејсбук, на почетокот бил многу нервозен што не успеал да го фати летот, но сега е радосен поради тоа, бидејќи авионот со кој што требало да патува се урна само 6 минути по полетувањето. Во несреќата загинаа сите 157 патниците и членови на екипажот.
Маврополус инаку, е претседател на непрофитната организација “International Solid Vaste Association” и требало да присуствува на годишното собрание на Програмата на ОН за животна средина.
-Бев лут бидејќи никој не сакаше да ми помогне да стигнам до капијата на време. Ги гледав луѓето како влегуваат во тунелот и викав да ме пуштат… Сега сум среќен што сум жив. – напиша тој.
Полицијата го барала да го испраша зошто доцнел на летот и тогаш ја дознал трагичната вест.
Антонис потоа се обид да го избегне испрашувањето бидејќи не сакал да го пропушти и другиот лет, но полицаецот му рекол дека треба да му се „заблагодари на Бог, а не да протетсира“ и дека мора да го испрашаат бидејќи тој е единствениот патник кој платил карта, а не бил во авионот.
По испрашувањето го пуштиле, а тој на интернет проверил дека авионот навистина паднал и веднаш го повикал своето семејство да им каже дека е жив.
-Ова беше мој среќен ден. – напиша тој.