Свет 04. февруари 2019. / 11:05

(ФОТО) „Двојници“ на Ким Џонг-ун и Родриго Дутерте ги збунија присутните на миса во Хонг Конг

(ФОТО) „Двојници“ на Ким Џонг-ун и Родриго Дутерте ги збунија присутните на миса во Хонг Конг

Двојник на филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска присуствуваше на миса во филипинска црква во Хонг Конг, што предизвика извесна доза ентузијазам меѓу верниците, но и збунетост.

Филипинскиот глумец дојде во црквата во бела кошула каква што обично носи Дутерте, а заедно со него беше и двојникот на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, кој на јавноста ѝ е познат како Хауард Екс.

За време на мисата, многу од верници не можеа да ја задржат смеата, оти го препознале глумецот-двојник на филипинскиот претседател. А, некои пак, се посомневаа дека тоа навистина е Дутерте.

Една жена, пак, го критикувала имитаторот дека е „невоспитан што дошол во црквата и направил сцена”, и дека тоа воопшто не личи на „нашиот претседател“.

Во Хонг Конг живеат околу 200.000 Филипинци.