Свет 06. јануари 2021. / 23:30

(ФОТО) Демонстрантите оставија порака на бирото на Пелоси

(ФОТО) Демонстрантите оставија порака на бирото на Пелоси
„Нема да отстапиме“ порака која демонстрантите ја оставија на бирото на Ненси Пелоси по упадот во Конгресот

„Нема да отстапиме“ порака испишана на лист хартија беше оставена на бирото на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, пренесува Вашингтон пост.

Ова следуваше откако демонстрантите упаднаа во канцеларијата на претседателката на Претставничкиот дом. Некој од лицата дури се фотографираа со нозете качени на нејзиното биро.

„Нема да отстапиме“ порака која демонстрантите ја оставија на бирото на Ненси Пелоси по упадот во Конгресот

Претходно, Ненси Пелоси беше прфрлена на безбедно место откако демонстранти кои учествуваат на протестите против резултатите од изборите во 2020 година влегоа во зградата на Конгресот.

Потпретседателот Мајк Пенс беше евакуиран од Капитол Хил, додека Конгресот беше итно заклучен поради безбедносни проблеми.

Информацијата за префрлањето на Пелоши доаѓа непосредно откако беше објавено дека едно лице што влегло во просториите на Конгресот било застрелано.