Свет 24. јануари 2020. / 20:09

(ФОТО) Берлинската полиција сопре српски автобус и остана шокиранa

(ФОТО) Берлинската полиција сопре српски автобус и остана шокиранa

Берлинската полиција соопшти дека деновиве бил сопрен автобус кој патувал кон Србија, а поради состојбата во која се наоѓал, веднаш бил исклучен од сообраќај.

Кога ќе се случи некоја трагедија, воопшто не треба да бидеме зачудени доколку причината за несреќата е од „техничка“ природа. Тоа не важи само за превозниците од Србија, туку и тоа како и за превозниците од Македонија.

Последниот случај за тоа во какви автобуси се возат патниците по илјадници километри ги шокираше Германците. Полураспадната за’рѓана каросерија, неисправни сопирачки и систем за управување, а дупките во каросеријата биле пополнувани со градежна пена.

Поради ова, берлинските полицајци веднаш го исклучиле од сообраќај автобусот кој имал поминато дури 1,3 милиони километри, констатирајќи дека возилото е целосно подготвено за отпад, а не за превоз на патници.