Свет 31. март 2020. / 13:13

Форд и Генерал Eлектрик ќе произведат 50 илјади респиратори

Форд и Генерал Eлектрик ќе произведат 50 илјади респиратори

Американскиот автомобилски гигант Форд и огранок на Генерал Електрик за медицинска опрема во 100 дена планираат да произведат 50 илјади медицински респиратори, кои како што се наведува се клучни во борбата против пандемијата со корона вирус.

– Форд ќе ги понуди своите производствени капацитети за забрзување на производството, а ГЕ ќе ја понудини својата стручност и ќе го лиценцира моменталниот дизајн на респираторите, соопшти Форд доцна во понеделникот.

По производството на 50 илјари уреди, компаниите ќе имаат можност на произведуваат по 30 илјади респиратори месечно, доколку има потреба од тоа.

– Форд очекува до крајот на април да произведе 1500, до крајот на мај 12.000, а до 4 јули 50.000 со тоа ќе помогне на американската влада да ја оствари целта да произведе 100 илјади респиратори за 100 дена, се наведува во соопштението.

Форд планира да го стартува производството од 20-ти април во фабриката во Мичиген.

Новиод вид на корона вирус прво се појави во кинескиот град Вухани тоа во декември 2019 година и брзо се прошири на 178 земји и региони.

Во светот од новиот корона вирус заразени се повеќе од 788.500 лица, а починати се 37.840 заразени. Оздравени се  166.276 лица, покажуваат податоците од американскиот Универзитет Џонс Хопкинс.

Во САД се потврдени 164.610 случаи на заразата и 3.170 смртни случаи.