Кинескиот претседател Си Џинпинг се најде на првото место на ранг листата на највлијателни луѓе на планетата, што денеска на својата интернет страница ја објави американското списание „Форбс“. Втор на листата е првиот човек на Русија, Владимир Путин, а на третото место е претседателот на САД, Доналд Трамп.
Во првата десетка натаму следуваат германската канцеларка Ангела Меркел, сопственикот нa „Амазон“, Џеф Безос, папата Франциско и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс.
На осмото место е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд, девети е индискиот премиер Нарендра Моди, а десетти – Лари Пејџ од Гугл. Претседателот на Франција, Емануел Макрон е 12-ти, а британската премиерка Тереза Меј