Свет 05. март 2019. / 22:14

„Форбс“ ја објави листата на најбогати луѓе во светот

„Форбс“ ја објави листата на најбогати луѓе во светот

Магазинот Форбс ја објави листата на најбогати луѓе во светот.

Магазинот пишува дека годинава рекордни 993 милијардери го изгубиле своето богатство. Моментално на светот има 2153 милијардери, за 55 помалку од 2018.

На врвот се задржаа сопственикот на Амазон, Џеф Безос со 131 милијади долари, втор е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс со 96, а инвеститорот Ворен Бафет е на третото место со 82 милијарди долари. Основачот на Фејсбук , Марк Зукерберг е на осмото место.

Американскиот претседател Доналд Трамп се наоѓа на 715 место на најбогати луѓе на светот за 2019.

Целокупното богатство на милијардерите изнесува 8,7 билиони долари, помалку во однос на лани кога имаа 9,1 билиони. Ова е прв пат да се забележи пад на богатството на милијардерите од 2016 година, односно втор пат за оваа декада.

Најмногу милијардери има во САД , 607, потоа во Кина 324, па во Германија 114, во Индија има 106 милијардери и во Русија 98.

Листата целосно може да ја погледнете ТУКА.