Свет 10. септември 2019. / 17:53

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе биде еден од моите главни приоритети

Фон дер Лајен: Западен Балкан ќе биде еден од моите главни приоритети

Новоименуваната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен изјави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.

Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ – порача Фон дер Лајен.

Таа во текот на претставувањето на нејзиниот тим од еврокомесари и нивните задолженија, нагласи дека ресорот „соседска политика и проширување“ му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањиј, имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и она, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.

Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето – порача идната претседателка на ЕК.

Урсула фон дер Лајен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се „јасни“, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.

Нашите правила не се сменети. Постојат основни вредности, а земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ мора да покажат дека ги почитуваат истите правила, фундаменталните вредности, да ги исполнат условите и треба да се способни за да станат членки на Унијата – нагласи таа.