Свет 08. ноември 2020. / 14:56

Фон дер Лајен со нетрпение очекува да работи со Бајден и Харис

Фон дер Лајен со нетрпение очекува да работи со Бајден и Харис

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во неделата изјави дека со нетрпение очекува да соработува со новоизбраниот претседател на Соединетите држави Џо Бајден и со новоизбраниот потпретседател на САД, Камала Харис.

Таа објави на Твитер:

-Очекувам да соработувам со новоизбраниот претседател Џо Бајден и Камала Харис. Имаме огромни предизвици за решавање: Ковид-19, климатските промени, правилата за нов дигитален свет, глобалната безбедност и реформа на нашиот мултилатерален систем заснован на правила. Заедно, можеме да го направиме тоа, пишува Лајен.

Фон дер Лајен претходно рече дека ЕУ и САД се пријатели и сојузници чии граѓани имаат најдлабоки врски.