Свет 25. ноември 2020. / 10:52

Фон дер Лајен: Првите вакцинации во ЕУ можни во декември

Фон дер Лајен: Првите вакцинации во ЕУ можни во декември

Вакцинацијата против ковид-19 во Европската унија може да започне пред крајот на 2020 година, бидејќи првите граѓани на ЕУ може да се вакцинираат во декември, откри во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во дел од својот говор во Европскиот парламент, фокусиран на ковид-19, Вон дер Лајен исто така предупреди дека, иако е разбирливо за луѓето да сакаат да се олеснат мерките за ограничување, олеснувањето на мерките во несоодветен степен може да бидат контрапродуктивен  ризик од третиот бран на пандемијата.

Претходно оваа недела, ЕУ го објави својот шести договор за набавка на вакцини, обезбедувајќи 160 милиони дози на кандидатот за коронавирус на Модерна.