Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе тестирана за корона вирусот, зашто била во контакт со Мишел Барние, соопшти портпаролот на комисијата, Ерик Мамер.
-Претседателката Фон дер Лајен последен пат се сретна со Мишел Барние пред две недели. До денеска таа не манифестирала симптоми. Нормално, по објавувањето на веста, таа ќе биде тестирана. Меѓутоа, таа ќе продолжи со своите работни активности. Истото може да се каже и за останатите еврокомесари, изјави Мамер.
Тој дополни дека сите вработени, кои биле во контакт со Барние, се замолени да ги преземат неопходните мерки на претпазливост.
Утринава Мишел Барние, главниот преговарач на Обединетото кралство за Брегзит, на својот твитер профил објави дека направил тест за корона вирусот.