Свет 30. мај 2020. / 09:00

Фолксваген вложува две милијарди евра во Кина за развој на возила на електричен погон

Фолксваген вложува две милијарди евра во Кина за развој на возила на електричен погон

Германскиот производител на автомобили Фолксваген најави дека ќе инвестира околу две милијарди евра за развој на возила на електричен погон во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот.

Во Кина се продаваат 40 отсто од возилата на Фолксваген, а таму има и една од најголемите е-мобилности во светот – се наведува во соопштението на германскката компанија.

Фолксваген планира во Кина до 2025 година да бидат продадени 1,5 милиони возила кои ќе користат одржлива енергија.