Фолксваген планира да ги зголеми трошоците за електрични автомобили, технологии за автономно управување и други иновации за 36% во услови на зголемена конкуренција во секторот при замена на моторите со внатрешно согорување, пренесува Блумберг.
„Ние решително продолжуваме напред со трансформацијата на групата Фолксваген и ги насочуваме инвестициите кон иднината на мобилност“, рече Ханс Дитер Пост, главен финансиски директор на концернот.
Новиот 5-годишен буџет на компанијата се проценува на 60 милијарди евра. Остриот пораст на трошоците го одразува зголемениот притисок врз производителите на автомобили да претрпат технолошки трансформации и сè построги регулативи за емисии на гасови.