Свет 09. април 2020. / 23:55

Фолксваген ги прати вработените на принуден одмор од својата фабрика во САД

Фолксваген ги прати вработените на принуден одмор од својата фабрика во САД

Групацијата Волксваген во четвртокот ги објави првичните мерки кои ги презема во производството и одржувањето на работната сила во својата фабрика во Чатанога, Тенеси, за време на кризата предизвикана од корона вирусот.

-Работниците во фабриката не можат да работат бидејќи производството беше стопирано на 21 март, се вели во соопштението на компанијата.

Производителот на автомобили рече дека принудниот одмор за работниците започнува на 11 април и ќе трае „не повеќе од четири недели“.

Компанијата, исто така, рече дека презема чекори за да се минимизира влијанието на испраќањето на вработените на принуден одмор. На работниците ќе им бидат исплатени квартални бонуси за првиот квартал и месечни бонуси за март, додека здравственото осигурување и премиите ќе продолжат да се обезбедуваат.

Вработените во Фолксваген и подизведувачите добија целосна плата и бенефиции за време на периодот на стопирањето на производството, додава производителот на автомобили.