Свет 20. јули 2020. / 14:22

Флорида пет дена по ред руши рекорди на заразени со корона вирус

Флорида пет дена по ред руши рекорди на заразени со корона вирус

Американската држава Флорида во последните 24 часа пријави 12.000 нови случаи на корона вирус.

Државите Флорида и Тексас, како и другите јужни или западни држави, секојдневно рушат рекорди во бројот на пациенти, а ова е петти ден по ред како бројот на регистрирани нови заразени во Флорида надминува 10.000

Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека земјата соодветно се справува со пандемијата на вирусот.

Постојат помали и поголеми жаришта низ целата земја. Флорида се чини дека станува жариште, но работите ќе бидат под контрола – изјави Трамп во интервју за телевизијата „Фокс”.

Според универзитетот „Џонс Хопкинс”, во САД во неделата имало 3,7 милиони заразени со корона вирус – приближно ист број како и трите најпогодени земји по САД – Бразил, Индија и Русија.

Досега во Соединетите Американски Држави како последица на Ковид-19 починале повеќе од 140.000 луѓе.