Во Парламентот на Тајван се случи тепачка кога членовите на владејачката Демократска напредна партија (ДПП) влегле во салата која во текот на ноќта беше опколена од членовите на најголемата опозициска Кинеска националистичка партија (КМТ), во знак на протест против „владината тиранија“.
Повеќе од 20 пратеници на КМТ ја окупирале собраниската сала во текот на ноќта и го блокирале влезот со столици, велејќи дека Владата се обидува да изврши притисок преку законите и побараа претседателот Цаи Инг-вен да ја повлече номинацијата на блиската соработничка Чен Чу за шеф на владиното надзорно тело.
До судирот дошло откако пратениците на ДПП ги пробиле барикадите и го опколиле главниот подиум каде се собрале членовите на опозицијата.
Инцидентот завршил со тоа што пратениците на КМТ стоеел пред подиумот, а нивните колеги од ДПП зад нив, наизменично извикајќи слогани.
Тајван е познат по честите тепачки во Парламентот.