Суд во Цирих одлучи дека швајцарските работодавачи се должни на своите вработени да им платат еден дел од киријата за работењето извршено од дома. Судската одлука доаѓа откако еден вработен поднел тужба против команијата во којашто работел и побарал отштета за работењето од дома.
Компанијата укажала дека не постои соодветен договор за отштета и не е обврзана да плати дел од киријата. Сепак, судијата донел заклучоци кои се поинакви од аргументите на компанијата, наведувајќи дека тврдењето дека вработените немале дополнителни трошоци, како што е изнајмување дополнителни простории, не е причина да им се одбие барањето за отштета.
Според пресудата, компанијата е должна да плати надомест и тоа ретроактивно, од по 150 франци месечно.
Експертите по трудово право укажуваат и дека работодавецот, кој има одговорност и за здравјето на вработените, има обврска во иднина да набави и соодветна столица за работа од дома.