Свет 29. април 2020. / 12:03

Фирмите поврзани со Белизе, Панама или друг „даночен рај“ нема да добијат поддршка во Белгија

Фирмите поврзани со Белизе, Панама или друг „даночен рај“ нема да добијат поддршка во Белгија

Фирмите коишто имаат каква било врска со некоја земја што се смета за „даночен рај“ ќе бидат исклучени од серијата финансиски и економски мерки што Белгија ги подготвува за поддршка за надминување на последиците од кризата со корона вирусот.

Министерот за финансии, Александар Де Кро, смета дека на фирмите кои се поврзани со „даночен рај“ не смее да им биде овозможено да го одложат плаќањето на данокот на добивка, како што ќе биде случај за другите компании во земјата.

Министерот оцени дека јавната помош која ќе им се обезбедува на фирмите треба да биде условена со етички принципи, а не само со строго финансиски.

Во предлог законот стои дека за да добијат помош од државата, приватните компании во Белгија не смеат да доделат дивиденди оваа година, не смеат да купуваат сопствени акции и не смеат да го намалат капиталот.

Компаниите кои на било кој начин се поврзани со некоја земја „даночен рај“, преку акционер или филијала, ќе бидат исклучени од механизмот за државна поддршка.

Повеќе други земји на ЕУ почнаа да воведуваат слични услови.