Необичен грабеж се случи на автопат во јужниот дел на Италија, каде што, според Ројтерс, биле украдени повеќе од два милиони евра.
Грабежот се случил во средата, а крадците користеле багери за да го отворат блиндираното возило со пари.
Синото комби заминало од градот Бари, превезувајќи ги пензиите што требало да бидат предадени во местото Матера, кога патот им го препречиле два камиони.
Ограбувачите потоа го отвориле возилото со парите, а камионите со кои бил попречен патот биле запалени
Ограбувачите ги чекало спремно возило со кое побегнале од местото. Иако крадците биле вооружени, ниту еден од тројцата стражари не бил повреден.