Филипинскиот претседател Родриго Дутерте предупреди дека ќе им нареди на полицијата и на војската да го убијат секој кој „предизвикува проблеми“ поради едномесечниот карантин со кој земјата се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.
Нека ова им биде предупредивање на сите – слушајте ја владата во ова време бидејќи е важно да имаме ред. И не не ги повредувајте здравствените работници, лекарите, затоа што тоа е сериозно кривично дело. Ако некој создава проблеми и вие сте во опаснот – пукајте, рече Дутерте.
Дутерте упати предупредување и до сите сиромашните жители во Манила кои протестираа затоа што не добиле никаква помош со храна и други резерви откако започна карантинот пред две недели.
На Филипините досега од коронавирусот починале 96 луѓе, а 2.311 се заразени.