Свет 07. ноември 2019. / 11:16

Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од превртен брод

Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од превртен брод

Филипинската крајбрежна стража спаси 63 луѓе од патнички брод што бил превртен поради големи бранови.

Со бродот се превезувале 53 патници и 10 членови на екипаж кога го напуштила градот Лун во провинцијата Бохол, јужно од Манила, на пат кон блиската провинција Кебу.

– Два часа по напуштањето на пристаништето и на околу осум километри од градот Сибонга, бродот испратил сигнал за помош. Спасувачите од крајбрежната стража успеаја да ги спасат сите патници и членови на екипажот – изјави портпаролот на крајбрежната стража, капетанот Арманд Балилио.