Властите на Филипини испратиле официјален допис до САД дека го раскинуваат договорот за одбрана од 1999 година и покрај предупредувањата дека таквиот чекор би можел да ја наруши безбедноста на земјата.
Станува збор за раскинување на Договорот за гостувачки странски сили ВФА (Visiting Forces Agreement) со кој се овозможуваше законска рамка за влез на американски воени сили на Филипини заради извршување заеднички воени вежби со одбранбените сили на Филипините.
Минатата недела, министерот за надворешни работи на Филипини, Теодоро Лосцин, предупреди дека укинувањето на ВФА ќе се одрази на повеќе од 300 заеднички воени вежби коишто помагале за подобрување на способноста на филипинската војска. Притоа, тој предупреди дека таквата одлука може да резултира со занрзнување на економските односи.
САД обезбедија повеќе од 500 милиони долари за помош на безбедноста на Филипините во периодот од 2016 и 2019 година. Американските војници, исто така, ги помагаат филипинските сили со разузнавачки информации во борбата против криумчарењето луѓе, кибер напади, трговијата со дрога и тероризмт.
Тоа предупредување, сепак, не беше доволно за претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, кој првпат им се закани на САД дека ќе го прекине договорот кога Вашингтон му ја укина туристичката виза на филипинскиот сенатор, Роналд Дела Роса, кој е и пораешен управник на полицијата.
Од таа функција, Дела Роса ја спроведуваше на дело политиката на Дутерте за нулта толеранција за дрога со која по кратка постапка беа погубени повеќе од 5.000 осомничени дилери и корисници на наркотици.