Две лица загинаа, а 37 се повредени во бомбата која експлодирала за време на градската прослава во јужниот дел на Филипините.
Бомбата била скриена во торба, која според најновите информации во медиумите биле оставена пред продавница за облека, која се наоѓала во близина на популарен пазар во Инсулан, кој прославувал годишнина од своето отворање. Станува збор за место кое било доста раздвижено во моментот кога бомбата експлодирала.
Според информациите од воениот командант, полициските службеници веднаш по нападот започнале со потрага по напаѓачот. Според сведоштвата на очевидците, пак , сомнителната торба ја остави еден човек во близина на местото каде што се одржувала прославата, а кога полицијата по дојдавата од граѓаните тргнала по осомниченото лице, бомбата експлодирала, а лице побегнало од местото на настанот.