Свет 03. март 2021. / 12:03

Фидес ја напушти Европската народна конзервативна група, информира Орбан

Фидес ја напушти Европската народна конзервативна група, информира Орбан

Унгарската владејачка десничарска партија Фидес денеска ја напушти Европската народна конзервативна група (ЕПП) во Европскиот парламент, соопшти премиерот Виктор Орбан.

„Со ова ве известувам дека европратениците од Фидес поднесуваат оставки од своето членство во групата на ЕПП“, наведе Орбан во писмото до лидерот до пратеничката група на ЕПП Манфред Вебер“, е објавата на Твитер на еден од унгарските министри.

Одлуката уследи откако денеска ЕПП усвои промена на правилата, што беше најавено како начин за исфрлање на партијата на Орбан од нивните редови.

Орбан уште во понеделникот најави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија во Европскиот парламент.

Според бриселски „Политико“, Орбан во писмото до претседателот на ЕПП Манфред Вебер тогаш изјавил дека Фидес ќе ја напушти групата доколку во среда бидат прифатени новите одредби.

Минатата недела, Вебер и другите лидери на партиите во ЕПП се согласија за нови правила за суспензија што ќе им овозможи да казнат цела партија-членка, а не само еден член.