Свет 31. октомври 2019. / 11:43

Фиат Крајслер и Пежо се споија

Фиат Крајслер и Пежо се споија

“Fiat Chrysler Automobile“ и “Groupe Peugeot Société Anonyme“ најавија дека се спојуваат, со што ќе станат  четвртиот најголем производител на автомобили во светот. Двете компании ќе разменат  50% од сопственоста во форма на акции.

Договорот ќе биде финализиран во наредните недели. Управниот одбор на идниот гигант ќе го предводи сегашниот шеф на Фиат  Џон Еклан, а Карлос Таварес, од Пежо  ќе стане извршен директор.

Соединувањето ќе им овозможи на двете компании да заштедат 3,7 милијарди евра на годишно ниво на трошоци. Седиштето на новосоздадениот производител на автомобили ќе биде  во Холандија, а неговите акции ќе се тргуваат на размена во Париз, Милано и Њујорк.