Шефот на Европскиот парламент за Брегзит, Гај Ферхофштад смета дека Британија ќе и се приклучи повторно на ЕУ, кога „новите генерации“ кои се помалку непријателски настроени кон Европа, ќе ја преземат власта, пренесува Индепендент.
Гај Ферхофштад верува дека Велика Британија, и покрај тоа што сега заминува, еден ден ќе и се врати на големото Европско семејство.
Тој ова предвидување го изнесе за време на дебатата на европратениците за договорот за повлекување, каде главниот преговарач Мајкл Барниер повтори дека овој договор е единствено и најдобро решение за Британија.
– Дозволете ми да се изјаснам дека во овој процес нема победници. Заминувањето на Обединетото Кралство од ЕУ е пропаст за сите, за Британија, и за ЕУ. – истакна Верхофштад.
Тој додаде дека минатата недела беше тажен ден за двете страни.
– Во блиска иднина ќе има нова генерација во Британија која ќе одлучи да се врати назад во големото Европско семејство. – поентира Вверхофштад.
Инаку според анкетите и истражувањата, голем дел од младите сакаат да останат во ЕУ.