Свет 20. јануари 2021. / 13:13

ФедЕкс ќе отпушти до 6.000 работници во Европа

ФедЕкс ќе отпушти до 6.000 работници во Европа

Американската компанија за достава ФедЕкс (FedEx) соопшти дека ќе отпушти од 5.500 до 6.300 вработени во Европа, со цел да ги намали трошоците.

ФедЕкс во 2016 година ја купи холандската логистичка компанија ТНТ Експрес (TNT Express), специјализирана за испораки помеѓу компаниите, во рамките на планираното ширење во Европа.

ФедЕкс Експрес ја користи глобалната мрежа воздух-земја за да фи забрза испораките на чувствителни испораки, а изминатите години во Европа имаше слаби деловни резултати, што влијаеше и на ФедЕкс.

Намалувањето на бројот на вработени е планирано во оперативните тимови, управата и во помошните делови на работењето. Компанијата очекува со тоа да заштеди од 275 до 350 милиони долари годишно, почнувајќи од фискалнатѕа 2024 година.