Свет 10. јануари 2021. / 20:16

ФБИ објави фотографии за идентификување на лицата кои упаднаа во Конгресот во САД

ФБИ објави фотографии за идентификување на лицата кои упаднаа во Конгресот во САД

ФБИ соопшти дека се уште бара информации кои би помогнале во идентификување на поединци кои активно поттикнувале насилство на 6 јануари во Вашингтон.

Од ФБИ објавија фотографии на лицата кои влегле во Капитол за време на демонстрациите на поддржувачите на Доналд Трамп во Вашингтон.

Тие повторно ги повикаа граѓаните, во случај некого да препознаат, да пратат дојава на веб адресата која е наменета за тоа.