ФБИ соопшти дека хакерска група поврзана со иранската влада во декември минатата година успеала да ја нападни компанијата Цитрикс, која е водечка компанија за клауд и софтверски услуги за американската влада, одбранбена, аеро и вселенска индустрија.
ФБИ се сомнева дека вистинската цел на овој напад не била само Цитрикс, туку и податоците од мрежата и вселенската компанија која ги користат услугите на оваа угледна компанија.
Инаку украдени се најмалку шест терабајти податоци, а дел од тие податоци се поврзани и со НАСА, како и со Саудиската државна нафтена компанија.
Исто така се истражува уште еден напад кој се случил на 4 март оваа година, додека некои експерти за безбедност се сомневаат дека оваа хакерска група имала пристап до чувствителни податоци многу подолго време, односно скоро цела деценија.