Свет 11. февруари 2021. / 23:50

Фаучи: Вакцините во САД масовно ќе бидат достапни во април

Фаучи: Вакцините во САД масовно ќе бидат достапни во април

Вакцините против Ковид-19 во САД ќе бидат широко достапни во април, најави денеска водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи.

Доктор  Фаучи тврди дека залихите ќе се зголемат, со што повеќе луѓе ќе можат да се имунизираат.

Пропорцијата на вакцинирани против Ковид-19 значително ќе се зголеми во наредните месеци, изјави тој за американската телевизија Ен-Би-Си.

Фаучи ја базираше својата прогноза на претстојните испораки на двете вакцини одобрени од САД, можноста за одобрување на трета вакцина, и мерките преземени од администрацијата на Бајден за зголемување на капацитетот за снабдување со вакцини.

– Чисто логистички, ќе бидат потребни уште неколку месеци за да се имунизираат возрасните Американци, рече директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести на САД. Тој предвидува дека таканаречениот колективен имунитет во САД може да се постигне до крајот на летото.

САД се најтешко погодени од пандемијата, и се на првото место во светот по бројот на заразени со новиот коронавирус (над 27 милиони и 200 илјади) и смртни случаи – речиси 472 илјади, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.