Свет 07. март 2021. / 20:47

Фаучи: САД ќе достигне колективен имунитет најдоцна до летото

Фаучи: САД ќе достигне колективен имунитет најдоцна до летото

Според Ентони Фаучи, главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, 70 до 80 проценти од населението на една земја мора да бидат имуни за да има колективен имунитет.

Во таа земја се вакцинираат по два милиони луѓе дневно. Од тие причини, таквиот имунитет се очекува да се стекне до летото оваа година. Можеби тоа ќе се случи и порано поради оние што имаат или ќе имаат природен имунитет.

Инаку, повеќе од осум проценти од Американците или 28 милиони од нив се целосно вакцинирани. Доколку вакцинацијата продолжи со сегашното темпо, до средината на септември може да се вакцинираат 70 проценти од населението, дури и ако тоа се прави исклучиво со вакцините од компаниите Фајзер/Бајонтек и Модерна.

Охрабрува и одобрувањето за употреба на вакцината од компанијата Џонсон и Џонсон, која вети дека ќе им испорача сто милиони дози на САД во првата половина на годината.

Соодветно на тоа, веќе до крајот на јули 70 проценти од населението би биле вакцинирани, а до средината на септември 85 проценти, покажа анализата на Си-ен-ен.

Отежнувачка околност може да бидат новите соеви на коронавирусот, бидејќи некои од нив се шират побрзо.