Свет 17. декември 2020. / 12:26

Фаучи предвидува – Ослободување од заштитните маски ќе има дури наредната година

Фаучи предвидува – Ослободување од заштитните маски ќе има дури наредната година

Заштитните маски во последните неколку месеци се нераскинлив дел од луѓето. Дали се медицински или пак платнени, без маска невозможно е да одите надвор.

Доаѓањето на вакцината влеа малку надеж дека можеби еден ден ќе можеме да се ослободиме од маските, но никој не се осудил да прецизира точно кога би се случило тоа.

Никој, освен американскиот епидемиолог Ентони Фаучи. Тој во текот на видео-конференцијата во Центарот за стратегии и Интернационални студии открил кога би можеле да заборавиме на заштитните маски.

-Мислам дека ќе можеме да се ослободиме од маските и да заборавиме на социјалната дистанца веројатно некаде до доцна есен или рана зима наредната година, изјавил Фаучи.

Но, тој предупредил дека нема да има конечен датум на кој што би можеле да ги фрлиме заштитните маски.

-Носењето маски не е како уклучување и исклучување светло. Нема да се случи преку ноќ тоа. Ќе одиме постапно, но мислам дека клучно ќе биде кога ќе ја воочиме статистиката на инфекцијата во земјите, односно кога истата драстично ќе се намалува, изјавил Фаучи и додал дека тоа ќе биде знак дека животот ќе може постепено да се враќа во нормала.

Иако, благодарение на вакцините крајот на пандемијата полека се гледа, Фаучи истакнува дека треба да бидеме внимателни и загрижени за нашата иднина.

Имено, тој ја споредува оваа ситуација со некои слични кои што го мачеле светот во минатото, како на пример шпанскиот грип пред речиси сто години.

-Речиси е загрижувачки што можеме да ги погледнеме податоците од 1918-та година и да направиме паралела со ситуацијата со која што денеска сме соочени, изјавил Фаучи.