Многу држави бараат од патниците при влезот во земјата да имаат негативен тест на Ковид-19, за да не се забрза ширењето на коронавирусот.
Полициската агенција на Европската унија (Европол) денеска ги предупредила државите да внимаваат на лажни потврди за тестирање на ковид-19, бидејќи криминалните банди се обидуваат да заработат на забраната за патување поради пандемијата.
Многу држави бараат од патниците при влезот во земјата да имаат негативен тест на ковид-19, за да не се забрза ширењето на коронавирусот.
Европол денеска соопштил дека членките на ЕУ неодамна пријавиле случај на група на фалсификатори кои на парискиот аеродром Шарл Де Гол продавала лажни потврди со негативен тест за корона, како и апсење на измамник во Шпанија, кок исто така продавал лажни резултати.
Британските власти, исто така, уапсиле измамици кои за 100 фунти подавале потврди за тестирање на коронавирус.