Свет 17. ноември 2020. / 16:59

Фајзер започна пробна програма за испорака на вакцината против Ковид-19 во четири држави

Фајзер започна пробна програма за испорака на вакцината против Ковид-19 во четири држави

Компанијата која минатата недела прва објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна во 90% од случаите при раните испитувања, започнува тн. „пилот“ програма  за доставување на својата вакцина во четири држави во САД.

– Се надеваме дека резултатите од ова ќе послужат како модел и за другите држави во САД и владите низ светот, како што се подготвуваат за имплементираат ефикасни програми за вакцините против Ковид-19, изјави компанијата во понеделникот.

Фајзер ги избра државите Роуд Ајленд, Тексас, Ново Мексико и Тенеси да бидат дел од нејзината пробна програма. Овие држави се избрани поради нивните специфични разлики во димензиите, разноликоста на населението и инфраструктурата, најмногу поради потребата да стигнат и до руралните и до урбаните средини.

Администрацијата на Трамп склучи договори и со двете компании за набавка на 100 милиони дози од секоја вакцина, со отворена можност за купување на дополнителен број на вакцини.

Модерна доби 955 милиони долари од Владата за развој на вакцината, додека Фајзер не доби средства за помош при развој. Модерна исто така има добиено една ипол милијарда долари за купување на дозите вакцини.

Компаниите се очекува да дадат предност на доставувањето на вакцината до здравствените работници и други високо-ризични групи во декември, а според експертите вакцината нема да биде достапна за пошироката популација во наредните неколку месеци.