Свет 28. јануари 2021. / 10:34

„Фајзер“ и „Бионтек“ се ефикасни и против новите соеви на Ковид-19, нема потреба oд нова вакцина

„Фајзер“ и „Бионтек“ се ефикасни и против новите соеви на Ковид-19, нема потреба oд нова вакцина

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на коронавирус што предизвикува Ковид-19, англискиот и јужноафриканскиот сој, се вели во соопштение на двете компании.

Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите соеви, соопштија двете компании.

Тие додадоа дека ќе продолжат да ги следат новите соеви и дека се подготвени да реагираат доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината.