Заводот за статистика на Европската Унија објави во средата дека малопродажбата во месец август бележи пад. „Споредбено со јули 2018, малопродажбата во август 2018 бележи пад од 0,2 проценти во еврозоната (ЕА19), а останува непроменета во ЕУ28,“ велат од Евростат.
Еврозоната, или ЕА19 ги претставува земјите од Унијата кои користат исклучиво евро-валута, а ЕУ28 ги вклучува сите земји во неа.
Според официјалните податоци, продажбата на гориво паднала за 0,6 проценти, додека пак 0,3 проценти пад е забележан во продажбата на храна, пијалоци и тутун. Останатите продукти останале стабилни во тој период.
Еуростат вели дека најдрастичен пад е забележан во Латвија – 1,2 проценти, а по неа и Полска и Франција со 0,7 проценти во двете земји.