Свет 15. мај 2020. / 13:34

Европските синдикати гневни што ЕК не го стави Ковид-19 на листата на крајно опасни за работниците

Европските синдикати гневни што ЕК не го стави Ковид-19 на листата на крајно опасни за работниците

Европската комисија соопшти дека донела одлука да не го класифицира корона вирусот на максималното ниво на опасност предвидено со законот за заштита на работниците, што преизвика големо незадоволство на сидникатите.

Европска директива од 2000 година за заштита на работниците од ризици поврзани со изложеност на биолошки агенси при работа, воспоставува скала на сериозност/опасност  на бактериите и вирусите на четири нивоа.

Групата Еден е најмалку опасна, односно „веројатноста да предизвикаат болести кај луѓето е мала“. Групата Четири е најопасна и покрај тоа што предизвикува сериозни заболувања, „претставува сериозна опасност за работниците“ и претставува „висок ризик од ширење во заедницата“.

Комитетот за технички напредок (составен од Комисијата и експерти од земјите членки) „даде позитивно мислење да го вклучи Ковид-19 во списокот (…) како ризик од групата Три“.

Одлуката се очекува да стапи на сила некаде во јуни, откако Европскиот парламент и Советот (кој ги претставува сите земји-членки) имаат еден месец да се спротивстават на одлуката. Оваа одлука предизвика незадоволство кај синдикатите кои во претходните денови ја повикаа Комисијата да го стави корона вирусот во најризична група.

За европските синдикати би било совршено соодветно да се класифицира корона вирусот во највисоката категорија „не само заради отсуство на ефикасен третман или вакцина, туку и затоа што постои висок ризик од пренесување вирус од страна на работниците во контакт со јавноста“.

Класификација на ниво Четири „би дала поголема заштита на здравствените работници во болниците и во пензионерските домови“, велат од европските синдикати, додавајќи дека откривањето на вакцината ќе доведе до нова промена во класификацијата. Оваа класификација се однесува и на персоналот на научните лаборатории.

Сепак, изборот на европските власти не ги спречува земјите-членки да им дадат на вработените поголема заштита отколку за заштита на ниво Три, се додава од синдикатите.